2win800x200

Ексклузивно-Петар Георгиев-Калица е годинешниот добитник на 4то ноемвриската награда за животно дело

Октомври 29, 2020

Петар Георгиев-Калица македонски композитор и текстописец, автор на антологиската  „Ако одам во Битола“  е годинешен добитник на највисоката награда за животно дело на градот Битола „4ти - Ноември“, дознава Апла.мк. Зад изборот на  Петар Георгиев-Калица едногласно застанал целиот управен одбор на наградата „4 ти Номеври“

 

 

Петар Георгиев-Калица (роден на 19 ноември 1951 година во Битола) е македонски композитор и текстописец. Основно и средно музичко образование завршува во Битола, отсек Виолончело. Дипломира на Правниот факултет и положува правосуден испит, и работи професионално како адвокат. За време на своето музичко образование членувал во многу музички групи во неговата родна Битола. Прв голем успех доживеа на македонскиот музички фестивал Валандово со песната „Ако одам во Битола“ за која ги напиша музиката и текстот, а во изведба на Октетот Македонија. Со оваа песна тој ја освои третата награда на жирито. Оваа песна е една од најпопуларните песни за Битола, а чија тема се старите битолски традиции. „Ако одам во Битола“ е искористена при изработката на многу документарни и музички настани посветени на Битола. Истата доживеа 12 преработки меѓу кои е и онаа од најпознатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески вклучена во неговиот етнички албум „Божилак“. Стилот на оваа преработка се разликува од оригиналната, но истата е добро примена од публиката.

Во 1989 година, Георгиев постигна нов голем успех на најпознатиот македонски поп-фестивал МакФест каде учествуваше како композитор и текстописец на македонскиот хит „Летај ми, летај, гулабе“ во изведба на познатиот хрватски пејач Крунослав Киќо Слабинац. Оваа песна го освои второто место, заостанувајќи зад првопласираната само еден глас на публиката. Сепак, тој ја освои наградата за најдобар текст за песна. Иако оваа песна не победи, истата сè уште е популарна на Балканот.

Во 1991 година, тој ја напиша својата најпозната песна „Стариот џумбушлија“ која ја изведе познатата српска фолк-пејачка Ана Бекута на фестивалот Валандово. Песната се пласира на четвртото место заостанувајќи 3 гласа зад третопласираната. Оваа песна беше хит-песна во Република Македонија и наредната година ја освои наградата за најслушана песна во претходната година.

Истата година, тој зеде учество на МакФест како композитор на песната „Розите пак се тажни“ во изведба на словенската пејачка Симона Вајс. Како автор двапати учествувал на Скопје Фест, фестивал на кој се бирал македонскиот национален претставник за Евровизија:

Карактеристичен белег на неговото музичко творештво се неговите текстови на традиционални староградски песни, каде основната инспирација му е Битола, неговиот роден град.

Американското дуо, флејта и гитара, „Алма Нова“ ја преработило неговата песна „Ако одам во Битола“ на нивниот албум „После часови“ (After hours) со наслов „Битола“. Албумот е снимен во февруари 2009 година.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани