Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, единствен меѓународен судиски пар за ракомет од Битола се меѓу петте добитници на годинешните награди „4ти Ноември“ за едногодишни остварувања.
Митревски е дипломиран економист, а Тодоровски професор по Физичка култура тие се единствен меѓународен судиски пар за ракомет од Битола и се 22 години судии од кои 11 години Меѓународни Ракометни судии. Не постои Европска држава каде не суделе, горди што ја претставуваат Битола и Македонија. Три Европски првенства до 20 години, повеќе од 700 натпревари на домашен и меѓународен терен , 5 КУП Финале, 1 Супер КУП,1 женско КУП финале . Последни меѓународни натпревари се од завршниот турнир на СЕХА лига во Задар за трето место Загреб - Мешков Брест и лига шампиони во Подгорица помеѓу Будучност - ЦСКА Москва