АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Инфективната клиника во Битола почина уште еден пациент каде е потврден вирусот. Пациентот е на 80 годишната возраст.
-Почина 80 годишна пациентка, хоспитализирана која за цело време беше во тешка состојба. Во моментов имаме 66 паценти хоспитализирани на Инфективното одделение, потврди директорката на Битолската клиничка болница д-р Билјана Гагачовска.
Три дена по ред има по еден починат пацент од компликации Ковид-19 во Битолската болница. Вкупниот број на починати битолчани од почетокот на кризатат се искачи на 24. Вчера почина 79 годишен пацент, а завчера 52 годишен. Заклучно со вчерашната статистика бројот на позитивни на Ковид-19 во Битола се искачи на 740 од кои дури 299 се активно болни.