АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бројот на заболени од лицата згрижени во хoсписот Сју Рајдер во Битола се искачи на 12, потврдуваат од Центaрот за јавно здравје во Битола. Од таму велат дека епидемиолозите се на терен. Двајца пацинети биле позитивни уште во петокот, а од викндов уште десет се позитивни на ковид-19. Денес се земаат брисеви уште од една група. Има и неколку од вработените кои имаат симптоми и сега се дома, па и тие ќе се тестираат.
Инаку, во хосписот забранет е влезот за невработени лица, како и за членови на семејствата на згрижените пациенти уште од почетокот на пандемијата. Овој хоспис е испостава на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ‘’13 Ноември’’ –Скопје. Има капацитет од 70 легла, а дел од згрижените лица се неподвижни.