АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, присуствуваше на 66-от молитвен појадок во Вашингтон кој беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Кирацовски по појадокот на својата фб страна напиша „дипломати, конгресмени и претставници на повеќе од 160 земји од светот заедно се заложија за соработка, пријателство и благосостојба, а разменија и мислења за глобалните случувања и предизвици со коишто се соочуваат современите општества“.
Тој за време на појадокот оставри средби со повеќе конгресмени, сенатори и влијателни дипломати. Меѓу нив, Кирацовски се сретна и со конгресменот од Њујорк, Том Суози, со кој разговарале за перспективите на Македонија, односите меѓу двете земји и можноста за натамошно унапредување на соработката. Тој воедно на средбите со странските дипломати ја потенцираше важноста на започнатиот реформски процес во Македонија кој обезбедува чекорење по вистинскиот пат на развој на земјата и интеграцискиот процес во ЕУ и НАТО.
„Воспоставените принципи на заедништво, пријателство и соработка не движат напред во интеграцискиот процес и дополнително не мотивираат да продолжиме со реформскиот процес кој обезбедува подобар живот за граѓаните. Убедени сме дека правилните политики што ги спроведуваме ја отвораат вратата за Македонија наскоро да стане полноправна членка на Европската Унија и НАТО алијансата“, посочи Кирацовски на средбата.
Ова беше 66-от молитвен појадок во Вашингтон, значајна средба на функционери од голем број држави низ светот. Кирацовски во рамки на посетата на САД, оствари средба со конгресменот Роберт Адерхолт од Републиканската партија, а ја посети и Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, каде оставри средба со амбасадорот Васко Наумовски.