АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Грчката противпожарна бригада на својот Твитер профил објави видео од извлекувањето на мртвите тела на двајцата млади планинари од Скопје, кои вчера ги загубија животите искачувајќи се на врвот Кајмакчалан од грчка страна.
28 годишната К.В. и 35 годишниот А.М. инаку членови на скопското планинарското друштво „Трансверзалец“ заедно со група од 50 планинари, вчера рано утрото се упатилe од Скопје кон Грција, во организирана дводневна акција за искачување на врвот Кајмакчалан на Ниџе,
Кусо време откако групата започнала да се искачува, на двајацата планинари им се губи трагата. Како дошло до трагичниот настан, засега не се знае. Една од претпоставките е дека групата проценила дека временските услови се исклучително лоши, по што одлучиле да се вратат назад. Дали Калина и нејзниот другар го продолжиле патот кон врвот или се изгубиле, е неизвесно.
Членови на друштвото во текот на искачувањето обајвувија фотографии и видео снимки со информација дека дува ветер со брзина од 150 км на час, а температурата се спуштила до -20 степени.
Беживотните тела на младите планинари беа пронајдени попладнево на 2524 метри надмосрка височина. Спасувачката акција грчаката противпожарна служба ја започнала вчера во 14, 30 часот, со 16 пожарникари и 4 возила, по пријава на членовите на планинарското друштво.
Синоќа во 20 часот биле лоцирани мобилните телефони на двајцата планинари на 100 метри во територијата на Република Македонија.
Во 3 часот утрово, настанот е пријавен во битолската полиција, по што биле известени Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, кои ги започнале подготовките за потрага на планинираите од македонска страна, но акцијата беше запрена откако телата беа пронајдени.
По извлекувањето пренесени се во болница во Воден, Грција, а обдукцијата ќе се изврши утре во болница во Солун, по што телата на двајцата планинари ќе бидат пренесени во Македонија.