2win800x200

Полицијата истражува можен криминал во ЈП „Нискоградба“!?

Февруари 16, 2018

Полициски инспектори по стопански криминал во три наврати влегле во ЈП „Нискоградба“ од Битола, прибирајќи документи и информации за евентуален криминал или злоупотреба на законите и постапките за јавни набавки и завршната сметка на ова претпријатие, дознава апла.мк од извори од претпријатието .

Наши анонимни извори велат дека  инспекторите ја чешлаат службената документација во неколку наврати, а последен пат биле вчера.

Наводно со анонимни преставки  обвинителството и полицијата биле информирани дека во претријатието има индиции за злоупотреба на службата од страна на бившото раководство и по основ на средства потрошени за репрезентации и патни трошоци.

Од битолската полиција за апла.мк велат дека засега немаат поднесено кривични пријави против било кој од поранешното раководство на претпријатието, како и тоа ако веќе имало проверки од страна на полицијата  е нивна вообичаена работа, за што полицијата нема обврска да информира.

Дали полицијата дополнително се заинтересирала за работата на бившото раководство на ЈП „Нискоградба“ по последната седница на Совет кога сегашната власта јавно обвини за пљачка на ова претпријатие останува допрва да се види. На советничката говорница беше кажано дека вртоглава сума од над 800 илјади евра ненаплатени побарувања од  граѓани и правни лица толерирало претпријатието  за време на бившиот директор Кире Крстевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.  

Наспроти ваквата практика во 2013 година претпријатието зело рамковен кредит од 30 милиони денари, и ја покачило  цената на услугите за канализација.

Новото раководство по преземањето на ова јавно претпријатие откри дека и покрај ваквата состојба „Нискоградба“ и тогашниот директор Крстевски во 2017 година, три месеци пред локалните избори повторно во рамките на истиот кредит зело уште 14 милиони денари, за што тогашната опозиција во Советот  не знаела.

Советничката Елена Трајчевска, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ,  на говорница рече дека се чуди  како можело вработените во претпријатието додека било старото раководство да изготват план дека „Нискоградба“ ќе ја заврши годината со добивка од 2 милиони денари , а  по смената на директорот  истите тие вработени да подготват нов план и да предвидат дека 2017 година ќе ја завршат со загуба од 10 милиони денари. Поставувајќи како прашање, што се случило во двата месеца додека се менувале директорите?

На дилемата на Трајчевска, одговори претседателот на Советот Валентин Груевски.

-Единствениот факт е дека бројките на екс директорот беа фризирани и лажно прикажувани. Вработените што работеа со Крстевски ви кажаа „моравме да ги прикажуваме такви податоците за да учествуваме на тендери“. И каде е сега лагата? Вчера разбравме дека истиот тој директор во овие години не задолжил со кредит од 750 илјади евра. Ова што се правело е пљачкање, рече Груевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани