2win800x200

Пред повеќе од век и половина во Битола се фрлал крст за Водици

Јануари 18, 2021

Во 1869 година за првпат во црквата „Св. Недела“ во Битола била организирана свеченост –водокрст. Овој настан засега се третира за прв во Битола, но не треба да изненади ако се открие дека имало и претходно во црквата „Св. Димитрија“, пишува битолскиот хроничар Александар Стерјовски во неговата книга „Калеидоскоп“.

„Најзаслужен бил неуморниот трудбеник за народното дело Димко Радев, кој имал заложби и за воведување на народниот јаизк во училиштата низ градот. Ден пред Водици организирал копање вир и пуштање вода во него. Водата вечерта замрзнала, што било добар знак дека годината ќе биде бериќетна, по што сиот народ излегол во дворот да го следи чинот на флањето“, пишува Стерјовски.

Откако завршило тоа, се организирал и избор на домаќин за следниот Водокрст, кое се сметало за голема чест. Семејството на избраникот требало да обезбеди погача со крвче внатре, кое го одредувал новиот домаќин.

Водици во „Св. Недела“ продолжиле да се празнуваат и во годините и децениите што следувале. Во првата деценија од 20-от век Милтон Манаки со Камерата 300 регистрирал еден ваков настан, но за жал, филмот е изгубен.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани