АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Автомобил излетал од патот и потонал во бара во близина на Туланата на излезот од Битола. За среќа нема поврдени, ниту жртви во оваа сообраќајна незгода. Сопствениците на возилото за Апла.мк велат дека причината поради која возилото излетало од патот била голомразицата на 14 јануари и несоодветното одржување на патот. Возилото излетало на 14 јануари , а било извлечено денес, откако како што вели сопственикот Васко Јосифовски ургирал и до Владата и во Општините Битола и Могила.
Возилото целосно пропаднало во водата длабока околу 4 метри, а го извлекоа по 22 дена припадниците на Горската спасителна служба на Битола и битолчанецот Александар Ацев, нуркач од нуркачкиот клуб „Врело“.
„На 14 јануари на минус 17 степени Целзиусови беше голомразица, а местото каде што излета возилото е целосно необезбедено во секаков поглед. Провалијата односно јамата се наоѓа на метар до самиот коловоз, без никаква заштита, на кривина после мовче. И тука и со 20 да возите ќе излетате на вакви услови.Одговоеност за таквата состојба има Македонија пат што не си ја брка работата на време. Правиме муабет за опасно место. На патот нема нити еден знак и не беше третиран од голомразица или снег кога ќе падне да фрлат песок или сол. По час и половина час од излетувањето на возилото дури фрлија песок. Не се работи за неприлагодена брзина туку неодржување на патот“, изјави сопственикот Васко Јосифивски.
Тој апелира сметот што се наоѓа во близина на Туланата да се префрли од другата страна и да се исполни барата за да не се случуваат вакви незгоди, а исто така и да се обезбеди патот и редовно да се одржува.
(фотографиите се сопственост на апла.мк. Не е дозволено преземање без согласност на авторот и порталот)