АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола никако да запре вандалското однесување кон јавните добра, наменети за користење од страна на сите граѓани. Во само неколку дена, засега непознати сторители оштетиле голем број од автобуските стојалишта. Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно, целосно беа реконструкирани и исчистени од страна на Општина Битола.
Од Општина велат дека граѓаните во повеќе наврати ја поздравија акцијата за уредување на стојалиштата од страна на општината, бидејќи особено при дожд и ветер имаа каде да се засолнат, чекајќи ги автобусите. Општина Битола повторно упатува апел да не се уништуваат јавните добра и сите случаи на забележани вандализми, да бидат соодветно пријавувани.