2win800x200

Поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ купувале парцели во Жабени како да се инвеститори, а до денес ништо не изградија

Февруари 26, 2021

Поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ купувале парцели во Жабени по едно евро од квадратен метар кои поранешната локална власт ги прикажувала како потенцијални инвестиции, а до денес ништо не изградиле. Вака обвини советникот Борче Корлевски од СДСМ на последната седница на Совет на која се разговараваше за привлекување на нова инвестиција во Индустриската зона Жабени со тоа што парцелата на која ќе се гради ѝ се отстапува на државата да вложи пари за тампонирање со што ќе се овозможи градба на капацитет зашто инаку земјоштето е мочурчливо. Во 2013 година на прес конференција екс градоначалникот Владимир Талески изјави дека во Жабени се продадени 49 парцели, па за продажба останала само уште третина од зоната. Покрај фабрики ќе се градеше и хотел, но до денес се подигна само германската инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ која обезбедува работа за неколку илјади лица.

Ова потсетува на процесот Талир, рече Корлевски

„Уште еднаш се потврди после многу години дека локацијата избрана за ИЗ Жабени, не е поволна, не е добра, не е погодна за изградба на индустриски капацитети и не ги задоволува стандардите и потребите на било кој што сака да инвестира. Но, желбата на тогашната власт да создаде свој тотем, по примерот на нивниот водач во тоа време со проектот Скопје 2014,  по нешто што ќе бидат запаметиени со децинеии, како во фаронски стил си го оставрија и не им дадоа можност на инвеситорите сами да ги бираат место и поволностите што ги нуди Општина Бтола. Ете затоа сега правиме промена на опфатот на оваа ИЗ. За да го покријат тоа во тоа време, кажуваа бројки дека потенцијални инвеститори купиле парцели, а позади нив се луѓе од  највиските структури во ВМРО-ДПМНЕ  купиле парцели, но отогаш до денес ништо не инвестирале. Тоа потсетува на процесот Талир кога многу членови од ВМРО-ПДМЕН беа финасери и инвестираа наводно илјадници евра, исто така членови од раковоството на ВМРО-ДПМЕН во Битола купуваа парцели во Жебени и ништо не инвестираа“, рече Корлевски.

Пред заминување поранешната локална власт имаше најавено дека во зоната градежни парцели имаат купено турската фирма „Челмак“, грчката „Цереметал“ и италијанската „Натуралиа фуд, интерес покажала и домашна компанија за производство на термоизолациони панели и за изградба на својот капацитет купила земјиште од 2500 метри квадратни, а со градба започналче и две домашни компании „ФАЛКО“ и „Еуроинжинеринг“. Но, ништо од овие инвестиции до денес не е видливо.

Сегашната власт не успеа покрај бренд како Кромберг и Шуберт да залепите други инвеститори, рече Тошевски

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека покрај една успешна инвестиција како што е „Кромберг и Шуберт“ која инвестираше во времето кога тие беа на власт, сегашната локална власт не успеала да привлече друга странска инвестиција.

„Чисто за илустарција да псоочам што значат директните странски инвестиции. Во 2018 вкупниот извозот бил 5,6 милјарди евра, а во тој вкупен извоз имаат удел 2,4 милјарди евра инвестициите од ТИРЗ-овие. То е 43 проценти, но ако се додададт  Кромебрг и Шуберт  и други компании што не се во ТИР зоните, доаѓаме на некае 50 проценти. Во 2019 тоа продолжува, во 2020 во вкупниот извоз, странските инвестиции учествувале со 45 проценти, а со другите компании кои не се во ТИРЗ доаѓаме до 55 проценти. Некаде 15 илајди вработени во ТИРЗ и 15000  во страснките компании надвор од ТИРЗ. Доколку во иминатите 3,5 години ги  послушавте нашите критики и работевте во созадвање на инфрастуркутрни услови со што ќе се зголемеше атратктивноста за  за инветирање во Жабени. Навистина е грев да имате  еден бренд како Кромберг и Шуберт и на таа приказна да не успеете да залепите други инвеститори. Имавме еден амандман кога го носевме буџетото за 2021 година да се издвојата 30 милиони денари за Жабени за подобрување на инфратруктура, но вие гласвте против. Да потсетам дек Кромберг и Шуберт од почеткот во 2012 до денес инвестирала 72 милиони евра,а  вие немате инвестирано ниту 72 денари“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Бевме против локацијата во Жабени оти е мочурлива, рече Стојчевски

Советникот Зоран Стојчевски од СДСМ одговори дека тие и кога беа во опзоиција никогаш не биле против инвестирањето на Кромберг и Шуберт, туку против локацијата што беше избрана за индустрсика зона. Поради мочурливото земјиште треба да се прави дренажа, да се подобрува носивоста при секоја инвестиција , а тоа чини пари за разлика од некоја друга локација каде ќе немаше потреба од дополнителни трошоци.

„Таму и сега треба да се вложат пари  за тој терен да се оспособи за да се изгради инвестицијата. Колку пари потроши претходната власт за тоа?  Владимир Талески од оваа говорница кажуваше дека парите од касарната ги однесе во Жабени. Зошто ја избра таа локација? Прашуватње што направила Петровска. Три и пол години се расправа со тоа што вие го направивте пепел. Вие направивте пепел, празен буџет, блокирани училишта, долгови од 15 милиони евра. Ги враќаше вашите долгови и ги покриваше дубиозите на Владимир Талески. Локацијата и изборот беа нашите критики во претходниот сосотав“, рече советникот Зоран Стојчевски.

Земјиштето ќе се даде на Владата за да го тампонира, рече Груевски.

Престедателот на Советот Валентин Груевски обрзаложувајќи ја новата потенцијална инвестиција, за која дознаваме дека е американската компанија „Jennmar“ со седиште во Питсбург која произведува рударска опрема, рече дека мора да се скрати опфататот на Жабени и две градежни парцели да и се дадат на државата за да изврши инфраструктурно доуредување на земјиштето во ИЗ Жабени

„Она што е главне проблем во Жабени е носивоста на земјиштето и можноста тоа земјиште да искрепи и да може да се гради фабриката. Поради огромните средстав што се потребни за средување и тапонирање на земјиштето, ние одвојуваме две парцели од 3,2 хектари и ќе овозоможиме владата да формира ИЗ. Со тоа трошоците и подготовката на земјиштето ќе паднат на твовра на Владата. Со тоа влегуваме рамноправно со уште неколку локации во државата во конкуренција за ова инвестиција која е меѓу 12 до 15 милиони евра, што ќе го зголеми извозот за 150 милиони долари годишно. Станива збор за голема компанија, која ако успееме да ја доденесеме во Битола ќе биде исклучилтелно значајно за наштата локална економија“, изјави Валентин Груевски.

До денес е отворено прашањето зошто за локација се избра Жабени?

И кога се отвораше „Кромберг и Шуберт“ првиот човек на компанијата јавно кажа дека вложиле многу повеќе пари од планираното зашто морале да прават насипи. Претходната власт до последно тврдеше дека Жабени е одлична локација и дека тогашната опозицијата за да бери политички поени обвинува дека има подземни води и одговара само за одгледување сончоглед. До денес остана отворено прашањето зошто се избра оваа локација поркај сите околни, како и онаа од социјализмот чии фабрички хали се распаднаа, но беше опремена со инсфраструктура.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани