АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дваесетина патници од Битола и Прилеп, меѓу кои и бремена жена, вечерва два часа останале заглавени во автобус, на стариот пат од Скопје за Велес. Патниците кои се јавија во нашата редакција реагираа дека сообраќајот од 18 часот бил запрен заради сообраќајна несреќа, имало полициско присуство и не им се дозволувало на возилата да продолжат по патот.
„Со автобусот тргнавме од Скопје во 17 часот. Некаде пред Велес кај Фабриката за месо 'Агрија' по стариот пат на планината Бабуна моравме да застанеме заради тоа што сообраќајот беше запрен од страна на полицијата. Ни беше кажано дека се работи за сообраќајка со жртва. Не можевме ни такси да викниме, ни автовбусот да помине зашто никого не пропуштаа“, велат патниците.
Им било кажано дека увидот ќе трае подолго време. Но, откако на бремената жена по два часа чекање ѝ се појавиле болки, полицијата нешто по 20 часот го пропуштила автобусот.