2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Зголемен обем на работа на апаратот за томографија во битолската болница, итните случаи се снимаат истиот ден

Март 05, 2018

Зголемен обем на работа се чувствува во последните два до три месеци во Клиничката болница во Битола, откако се расипа апаратот за томографија во болницата во Охрид.  Поради тоа термините за снимање на компјутерот се зафатени до крајот на април, велат од прес-службата на болницата во Битола, со напомена дека за итните случи секогаш се остава простор за истиот ден да се заврши снимањето.

 

- Од 25 до 30 отсто е зголемен обемот на работа во Битолската клиничка болница на апаратот за компјутерска томографија. Сите итни случаи без оглед од каде се препратени, од која болница и да се веднаш се земаат на снимање истот ден. Особено за компутерско снимање на глава , но исто се третираат и други итни случи. Ниту еден пациент не е вратен, изјави Сузана Конеска, портпарол на Клиничката болница во Битола, за апла.мк.

Осум месеци охридската болница е без компјутерски томограф, па од август минатата година пациентите  се препраќаат или во приватните клиники каде што плаќаат по повеќе од 100 евра за снимање или во болниците во Битола и Скопје.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани