АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 72 годишна возраст почина Томе Димитровски, актуелен претседател на Здружението на пензионери во Битола и поранешен раководител на Агенцијата за вработување подрачно одделение Битола.
Димитровски почина утрово од компликации предизвикани од КОВИД-19, откако вчера беше пренесен на Скопските клиники.
Димитровски беше правник по професија, ценет и уважен меѓу своите колеги и соработници. За претседател на Здужението на пензионери беше избран во 2018 година, каде се истакна со голем број активности за подобрување на пензионерскиот стандард, солидарност, но и хуманитарни акции за помош на поединци, пензионери, институции и установи, посебно во овој период на борба против пандемијата со КОВИД-19