2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Модуларната ги прима првите пацинети, меѓу хоспитализираните во Битола најмногу од 25 до 50 години

Април 06, 2021

Денес модуларната болница во Битола ќе ги прими првите пацинети со тоа Ковид-центарот при Клиничката болница ќе функционира со 170 кревети и ќе го покрива целиот регион околу Битола. Примариус д-р Ели Димитровска, инфектолог во Ковид центарот изјави дека сите хоспитализирани пацинети се со многу тешка клиничка слика, на кислородна поддршка, со тешки воспалителни процеси на белите дробови. Според утинските податоци, вкупно се хоспитализации 123 лица, најголемиот број болни кои се сместени во Ковид-центарот се на возраст од 25 до 50 години, а амбулатно да се лекуваат доаѓаат и помлади лица.

 

„Се работи за пациенти од различни возрасни групи, но во овој нов бран имаме пацинети кои се млади од 25 до 50 години и тоа е воглавно најголемата бројка од нашите хоспитализирани пациенти кои се, за жал, многу тешки и во некои случаи нашите преземени терапевтски мерки не покажуваат клинички ефект, па во последните денови имаме и многу смртни исходи. Имаме пациенти од 25, 28, 30 години, амбулатно ни доаѓаат и 16-годишни, старосната граница е многу спупштена кон помладата популација“, вели д-р Димитровска.

Зголемена е потрошувачката на кислород до 1,6 тони, а се очекува да стигни до 2,5 тони. Директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачовска соопшти дека залихи на кислород имаат доволно, исто така навремено се набавени и потребните лекови. Но, недостига кадар . 

 

„За жал, кадарот е преуморен и ние се соочуваме со недостаток на кадар. Многу е лесно да се обезбедат креветите, но некој треба да ги лекува пациентите. Се соочуваме со силен недостаток на кадар“, рече Гагачовска.

Таа посочи дека од денес започнуваат и со затворање на неургетните одделенија, одат во сменско работење, за да можат обемот на работа да ги покријат со медицински персонал.

 

„Болницата почнува да функционира итно и ургентно. Се примаат итни и ургентни состојби, да не доаѓаат граѓани ако немаат вистинска и итна потреба од тоа во овој период, да ги издржиме следните три недели. Кадарот е пренасочен и ротира, ротираат сите специјалности, задолжително во тимовите има тим лидери кои се од носечките специјалности. Работат анестезиолози, интернисти, невролози, повлекуваме и гинеколози и очни доктори. Сите специјализанти се вратени во Битола и излегуваат во пресрет“, рече Гагачовска.

Од Болницата апелираат граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита.

„Апел до младите кои се најголеми преносители на инфекцијата да се воздржат од групирање, иако постои полициски час имаме информации дека младите се групираат, си прават журки, забави, апел да се воздржи од групирања, во нив е клучот од решавање на оваа неповолна и страшна состојба“, додаде д-р Димитровска.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани