АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Откорнети се борчиња од жардиниери поставени на битолското Шеталиште. Ваквиот вандализам предизвика критики од битолчани кои рекреираат во овој дел од градот. Тие велат дека иако се работи за неколку дрвца, секое стебло е добредојдено во градот кој мака мачи со аерозагадувањето.
Раскажуваат дека садниците биле засадени минатата година, а деновиве некој ги откорнал, претпоставуваат дека можеби си ги засадил и во сопствениот двор. Апелираат да се садат дрвја, а не да се крадат. Во тек е акцијата за раззеленување на Битола во која се планира засадување на 3000 дрвја, па некои граѓани наместо да уништуваат можат да помогнат за поубава и почиста Битола.