Webp.net gifmaker

Намален бројот на лица кои се вакцинираат со прва доза во Битола

Мај 28, 2021

Намален е бројот на лица кои се вакцинираат со прва доза на Регионалниот вакцинален пункт во Битола. Според официјалните бројки на здравствените власти, во последните две-три дена бројот на лица кои примиле први дози се движел меѓу 50 и нешто над60. Така, во средата на 26 мај од  922 вакцинирани, само 57 примиле прва доза, а другите се ревакцинирале. Вчера, 27мај од 951 вацинирани, само 63 со прва доза.

На вакциналниот пункт во саботата на 22 мај пристигнаа 7000 дози на кинеската вакцина „Синофарм“, но тие веројатно во голем дел се наменети за ревакцинација.  

„Бројките се вакви зашто се врши ревакцинација на првите лица што се вакцинираа. Такви се насоките од Министерството за задравство каде имаат и подетални инфомрации, а ние работиме по нивни насоки. За сите кои се вакцинираа во Битола, треба тука и да се ревакцинираат. Ако Министерството ни пушти  вакцини и за прво вакцинирање и тоа ќе го работиме. И сега се даваат први вакцини на групи одредени од Mинистерство за здравство“, рекоа од Здравствениот дом во Битола.  

Интересот за вакцинација до минатата недела, пред да започне ревакцинацијата беше огромен, па дневно се вакцинираа и по 1300 жители на Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод. Во меѓувреме се отвори вакцинален пункт во Прилеп, но оние кои првата доза ја примија во Битола, таму ќе бидат и ревакцинирани.

Министерот Венко Филипче денес изјави дека темпото за вакцинирање е намалено зашто и бројот на вакцини е намален. Се очекува да пристигнат деновиве 20 000 вакцини донација од Грција и уште 50 000 од Бугарија , како и „Фајзер“ преку ковакс механизмот со што за многу скоро се очекува да продолжи масовната вакцинација со забрзано темпо како што беше досега со вакцинирање на 10 000 лица на ден.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани