2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Како да ја добив Пулицеровата награда за новинарство зашто до наградите во Скопје не ни стигаме , рече Блажевска

Мај 28, 2021

 

Наградата ја чувствувам како да сум ја добила за битолски услови Пулицеровата награда за новинарство зашто е на врвот и нема повредна за нас новинарите од битолската фела, докажани многу и како дописници, но не стигнуваме до наградите во Скопје што се доделуваат за новинарство, не знам зошто, дали сме маргинализирани, рече долгогодишната новинарка Анета Блажевска од Битола добитничка на наградата за новинарство „Тоде Петревски“ што 17 години со ред ја доделува „Битолски весник“.

 received 209594474179931

„И како што велеше Петревски, а и колегата Младеновски, големите риби секогаш не ги јадат малите, ете ние како помали риби во едно битолско новинарско море, мислам дека добро пливаме и дека се вреднуваме достоинствено зашто го имаме тој кредибилитет како новинари“, рече Блажевска

received 934239980762412

Таа во својата богата новинарска кариера која трае повеќе од две децении беше дописник за „Канал 77“, „Утрински весник“, „Слободн печат“, а денес пишува во „Независен“, „Апла.мк“, „Зелена берза“ и други медиуми. Наградата традиционално ја доделува „Битолски весник“ во чест на новинарот Тоде Петревски, кој долги години беше дописник на Македонско радио од Битола, а исто така и дописник од Келн, Германија, потоа за Политика во Србија и други медиуми.

received 4088397104540282

Уредникот на „Битолски весник“ Менде Младеновски рече дека мора да се врати професионализмот во новинарството и новинарите кои 24 часа седум дена во неделата работат за да ја задоволат јавноста со информации, да бидат почитувани и ценети.

received 227884955453414

„Мислам дека повторно ќе се вратат луѓето кои веруваат во професионалното новинаство, во новинарството кое опстојува на професионални основи. Ние сме една професија, за жал, сами присоднесовме за тоа, влегоа многу луѓе на мала врата кои нити го сакале новинарството, нити планирале да се занимаваат со нивнарство и ние сега во Македонија која има 2 милиони жители имаме 2 милиони новинареи, 2 милиони уредници, 2 милиони сопственици и се живее за некои лајкови, статуси и сум енергично против тоа“, рече Младеновски.

received 514945362974107

-Новинарите мора да имаат стаус во градот и во општеството, тие не можат да работат цел ден за неколку медиуми, смешни хонорари, туку треба да се има ако не натпросечна тогаш барем просечна плата, да се има слобода , да имаат третман во градот. А нивниот труд е најевтиниот труд кои новинарите не забе, туку за другите го вложуваат. Ние сме сервис не на граѓаните, туку на луѓето кои располагаат во моментот со материјалните средства. Мора да се врати времето кога бевме и ценети и слободи-, рече Младеновски.

received 4281553448561701

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани