АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Законот за легализација на дивоградбите нема да се најде повторно пред пратениците. По бурните реакции од стручната јавност, но и одбивањето на претседателот Пендаровски да го потпише указот владата целосно го повлече првично предложениот закон од собраниска процедура. Премиерот Заев вели гласот на јавноста е слушнат и законот ќе претрпи измени, но сепак одредени одредби ќе останат бидејќи како што кажа законот го регулира и правниот статус на објекти од јавен интерес.
Заев најави дека нема да се легализираат дивоградбите во заштитеното подрачје во Охрид бидејќи се повеќе-катни и не станува збор за индивидуално домување. Легализација нема да има ниту за дивоградбите од проектот „Скопје 2014“.
Повлекувањето на овој закон од собраниска процедура наиде на одобрување од страна на граѓаните кои што не се сложуваат бесправно изградени објекти да добијат шанса да се легализираат. Според нив добро е што законот ќе се менува.
Во однос на судските процеси премиерот вели дека со членот 41 целта е да има еднаквост пред уставот. Вели дека не може да се легализира објект од 2019-2020 година, а од другастрана да се гони кривично некој за објект од 2015-2016.
Дополни дека судските процеси нема да паднат во вода, затоа што би паднале само деловите за бесправно градење, останатите делови од обвниненијата ќе опстојат.
Законот беше донесен на почетокот на месецов со поддршка од власта и опозицијата, но Пендаровски одби да го потпише и беше вратен назад.