2win800x200

Банкари од Битола и двајца Грци нелегално присвоиле половина милион евра

Јуни 23, 2021

 

СВР Битола поднесе известување против Т.С.(43), Н.С.(41) државјани на Грција, со регулиран престој во Македонија, и правно од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажен стечај”, како и против В.Н.(48) од Битола, директор на филијала и Н.М.(50) од Битола, член на Управен одбор на банка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.

Прво и второпријавените на 28.10.2015 година, како основачи и сопственици на правното лице, донеле одлука за задолжување на друштвото со рамковен револвинг кредит од банка, кој го склучила Н.С., како управител.

Врз основа на рамковниот револвинг кредит, на 31.10.2017 година прво и второпријавените ја искористиле можноста за прекумерно задолжување и склучиле договор за краткорочен револвинг кредит на износ од 30.900.000 денари.

Во наредните четири месеци вршени се исплати по договори за краткорочни денарски и девизни кредити во вкупен износ од 696.000 евра, кои не ги употребиле за нови инвестиции, туку за лична потрошувачка. Со преземање на несразмерни обврски ги повредиле своите должности при управувањето со имотот со што предизвикале стечај на правното лице од Битола.

Трето и четвртопријавените од банката пропуштиле навремена контрола на кредитниот должник и на наменската употреба на средствата, а на барање на правното лице била донесена одлука со која депонираните девизни депозити биле ослободени и заменети со меница и три бланко потпишани налози за пренос, со што ја оштетиле банката за 500.000 евра.

Извор: slobodenpecat.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани