АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Актуелните градоначалници на Новаци, Љубе Кузманоски и на Ресен, Живко Гошаревски ќе бидат кандидати за градоначалници на овие две општини од редовите на СДСМ на престојните локални избори, потврди вечерва премиерот Зоран Заев. Тој ги соопшти нивните имиња меѓу триесетината кандидати со кои партијата ќе настапи во 30 општини на локалните избори и рече дека актулените градоначалници си ја сработиле работата во изминатиот мандат.
До партијата пристигнале 630 кандидатури за градоначалници и 5000 за советници преку самокандидирање и преку постапките во СДСМ. По спроведеното испитување на јавното мислење, анализиа и истражување , консултациите со членството, целосно се завршени и со одлука на раководството се дефинирани првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ. Заев најави дека за скоро ќе се соопштат имиња за уште 30 кандидати во други општини .
И досегашниот градоначалник на Крушево, Томе Христовски, е меѓу триесетина кандидати потврдени од Извршниот одбор на СДСМ кои ќе трчаат втор круг за градоначалнички мандат од редовите на СДСМ.