2win800x200

За четири пати помалку грчки државјани влегуваат преку Меџитлија отколку пред пандемијата

Јули 14, 2021

За четири пати намален е бројот на грчки државјани кои доаѓаат во земјава преку граничниот премин Меџитлија-Ники отколку во јули 2019, пред почетокот на пандемијата. По десетина дена од подигањето на рампата на овој граничен премин, не се исполнија очекувањата дека ќе има наплив на грчки муштерии во Битола како пред појавата на ковид-19.

 

Според официјалните податоци од МВР дадени за јули 2019 преку прминот Меџитлија-Ники во земјава влегле 62.479 патници или во просек дневно по 2.083. За десет дена овој месец, од 2 до 12 јули, влегле 4.791 патник или во просек дневно по 479. Тоа е четири пати помалку отколку пред пандемијата. Возила, пак, влегле три пати помалку, поточно во јули 2019 по 40.846 или дневно по 1.361, а овој месец 4.294 или 429 дневно.

Намален е и излезот на патници од земјава кон Грција, иако е туристичка сезона. Според податоците на МВР, за три и пол пати помалку патници на дневна основа патуваат овој месец од Македонија за Грција преку Меџитлија отколку пред две години. Така, во јули 2019 преку овој граничен премин излегле 60.272 патници или дневно по 2.009, а овој месец во првите десет дена 5.459 или дневно 545. За цел месец во 2019 година и3легле 8.295 возила или дневно 1.276, а годинава за десет дена откако беше отворнеа граница 4.844 или во просек 484.

Ваквите податоци се на средина од туристичката сезона, кога со години беше најголем притисокот врз границата..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани