АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола ќе биде една од општините каде градоначалник ќе се избира во втор круг. Во првиот водство од 1641 глас повеќе освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Тони Коњановски пред Христо Кондовски од СДСМ. Според податоците на ДИК од 170 обработени гласачки места за Коњановски гласале 19 532 битолчани, за Христо Конодвски 17 891, за Горан Милевски од ЛДП и ДОМ 3 336, Горан Тасковски 416, Јорго Огненовски 692 и Зоран Лазаровски Паљо 1081 глас. Според ова, за две недели во вториот круг битолчани ќе избираат меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
За советници нема да има прегласување. Таму најмногу гласа освои исто така ВМРО-ДПМНЕ 16230, СДСМ 14.270, ЛДП/ДОМ 2425, Левица 2962, Поинаку 4329,ДУИ 1495, Алијанска на Албанците 390. Каков ќе биди распоредот на силите во Советот, главна услога ќе имаат помалите партии или советнички групи во зависност од тоа дали ќе дојде до коалицирања со некои од двете најголеми политички партии.