2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Сите вработени во јавниот сектор мора да се вакцинирани за да одат на работа

Ноември 17, 2021

Комисијата за заштита од заразни болести препорача до Владата да донесе одлука сите вработени во јавниот сектор да мора да се вакцинирани, за да одат на работа, или да имаат потврда за прележан Ковид-19, или пак да имаат потврда од лекар дека не смеат да се вакцинираат. 

„Да ѝ предложиме на Владата сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции под овие владини институции за одење на работа да прикажат најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест, кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или потврда за прележан Ковид, не постар од 45 дена“, порача Филипче.

Друга мерка која се предлага е задолжителна вакцинација за сите вработени во здравството, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Дополнително, министерот рече дека им препорачуваат на приватните работодавачи да побараат од нивните вработени да се вакцинирани за да одат на работа.

Мерките ќе почнат да важат десет дена по одржување на владината седница, на која ќе бидат прифатени мерките.

За контрола на оваа мерка министерот предлага да се назначи одговорно лице, кое ќе ги проверува документите при влез на работното место.

Во однос на здравствените работници, министерот вели дека смета оти ќе има интерес за вакцинација

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани