2win800x200

Битола утрово студено со температура од -10 степени

Јануари 28, 2022

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-13 Берово, -10 Битола, -9 Скопје-Петровец, -8 Крива Паланка, Тетово, Демир Капија, Струмица, -7 Прилеп, Штип, Дебар, Куманово, -6 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Гевгелија, -5 Охрид, Виница, Крушево, Попова Шапка, -4 Дојран, -3 Маврово.
Утре кон крајот на денот во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови ќе има локални врнежи од снег. В сабота ќе дува и засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани