АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ниту денешната температура над нулата не го стопи мразот по тротоарите на улиците во строгиот центар на Битола кои се како лизгалишта.
Главната битолска улица, Широк Сокак е исчистена и речиси сува, сепак тротоарите и пешачките острови на околните улици се опасност за пешаците, затоа што се под мраз.
Деновиве се очекуваат нови врнежи од снег што може да биде уште поголема опасност, кога овие лизгалишта ќе бидат покриени со новна снежна покривка.
( фотографиите се направени денеска напладне)