АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Овој прекрасен град, рече евроамбасадорот Дејвид Гир за Битола, на овој прекрасен сончев ден не може да го види сонцето зашто кога се доаѓа кон Битола од самиот рид се гледа црн и жолт воздух кој покажува голема загаденост на општината и целиот град. Амбасадорот на ЕУ Гир денес оствари прва официјална средба со градоначалникот Тони Коњановски на која се разговараше за многу прокети, а дел од нив и за заштитата на животната средина.
„Животната средина е огромно прашање за овој град, па разговаравме за бројни аспекти кои ја засегаат неа, за ЕУ фондовите кои можат да се стават на располагање во овој контекст, за проектот за инвестиција во отпадните води и проектот ‘ЕУ за чист воздух’. Разговаравме и за правилна транзицја на РЕК Битола кој е важен производител на енергија во земјава, но како да се направи транзиција кон зелено производство на електрочна енергија за зачувување на животната средина и здравјето на луѓето, па во овој контакст како може ЕУ преку нејзината поддршка да придонесе“, рече Гир.
Тој на градоначалникот му подари таканаречена сончева тегла која од сонцето произведува електрична енергија, а рече дека е симбол на зелениот договор на ЕУ. Коњановски пак, рече дека нема единствениот чист воздух да го имаме во теглите мора да се грижиме за здравства живота средина и сите да придонесиме за неа.
„Ги претставив клучните проекти кои како локална самопуправа мислиме да ги реализираме во четирите години, а се однесуваат на подобрување на квалитетот на животнта средина, енергетската ефикасност, туризам итн. Подготвени сме за новите предизвици кои произлегуваат од европските програми и фондови, па ќе делуваме кон воспоставување на евриопски практики и имплементирање на европските вредности, воспоставување и интензивирање на соработката со пограничните области. Работиме и на јакнење на општинските капацитети со формирање на сектор за меѓународна и прекугранична соработка со цел посветено и експедитивно рааботење при аплицирање и реализирање на проекти од ЕУ фондови“, рече Коњановски.
Тој додаде дека се насочени кон успешна дореализација на отпочнатите ЕУ проекти,но и обезбедување финкционалност и одржливост на веќе реализираните. За Офицерски дом рече дека содржински го збогатуваат за пак да заживее, Туристичкиот- инфо центар целосно ќе го стават во фунција за развој на туризмот. Проектот „Смарт кул-тур“ е во завршна фаза,а од прекуграничната програма со Грција во завршна фаза е проектот со кој се имплементира енергетски ефикасен регионален интелигентен транспортен систем кој ќе поддржи ефикасна туристичка промоција на регионот и на секојдневниот транспорт, пред се на спортисти, преку ставање во фуннкција на електрични возила и станица за нивно полнење.
Гир се осврна и на иселувањето и рече дека Пелагонија страда што и заминуваат младите луѓе. Со цел да им се даде можност, како што напомена да процветаат во нивниот крај, во Битола ќе биде отворена Куќа на ЕУ, која ќе креира простор за младите..