2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Затворени четири угостителски објекти- фатени 42 лица без ковид сертификати

Февруари 20, 2022

Четири угостителски објекти се затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци откако во акциската контрола што беше спроведена до раните утрионски часови во ноќни клубови и кабареа низ Битола беа откриени 42 лица без ковид сертификати. Уште едно лице поседувало лажен сертификат за што ќе следува соодветна кривична пријава, соопшти МВР. 

Полицијата соопшти дека во два ноќни клуба била пронајдена и дрога, односно прашкаста материја и марихуана. До надлежното обвинителство ќе биде доставен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.

Акциската контрола беше спроведена во периодот од 01.30 до 04.30 часот од полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд во четири ноќни клубови и кабареа во Битола.

Констатирани се и случаи на неиздавање на фискални сметки, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор. Од МВР соопштија дека акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

Фото и видео МВР 

kontroli 2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани