АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП „Стрежево“ Битола им соопштува на сите граѓани дека сезоната за наводнување 2019 година е започната. Од тие причини во главниот канал и останатите објекти се пуштаат поголеми количини на вода, поради што СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА движење и задржување на граѓаните (минувачите) околу истите.
Сето ова е заради заштита на нивната безбедност и безбедноста на нивните најблиски.
Со почит, ЈП „Стрежево“-Битола
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола пред овогодинешната сезона за наводнување со сопствени финансиски средства го обнови возниот парк. Набавени се шест теренски возила, трактор и приколка, мулчер и десет мопеди, инвестиција вредна 100 000 евра. Средствата се обезбедени преку домаќинско работење на претпријатието и рационално трошење на средствата.
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола на своите вработени и сите Македонци им го честитаат 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Се известуваат сите водокорисници дека согласно одлуката на Управниот одбор на ЈП „Стрежево“-Битола бр. 02-287/6 од 17.05.2019 година