АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Стрежево“ на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита 8 Септември –Денот на независноста, денот кога граѓаните го кажаа историското „да“ кое значеше независна, самостојна и суверена држава. ЈП „Стрежево“ ја упатува честитката со желба за напредна, развиена, економски силна и интегрирана држава во ЕУ.
Во понеделник со почеток во 10 часот ќе започне порибувањето на акумулацијата “Стрежево”, во организација на концесионерот, ЈП “Стрежево” - Битола. Претпријатието ќе ги превземе сите мерки за почитување на препораките за заштита на безбедноста и здравјето како на вработените така и на сите граѓани кои ќе присуствуваат на настанот.
ЈП “Стрежево”- Битола, ќе изврши порибување на акумулацијата Стрежево со сопствени средства, со подмладок од крап и пастрмка. Порибувањето ќе се реализира на локација брана “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”). Порибувањето ќе се реализира согласно Законот за рибарство и аквакултура, риболовната основа, договорот за концесија и годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд во акумулацијата “Стрежево” за 2020 година.
Јавното претпријатие „Стрежево“ го честита Денот посветен на Св. Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со својата животна посветеност и дела постигнаа неверојатен цивилизациски напредок во писменоста на македонскиот и на сите словенски народи.
Јавното претпријатие „Стрежево“ им го честитаат Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед кои го слават овој голем муслимански празник и им посакува семејна среќа, добро здравје, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот.
ЈП "Стрежево" - Битола спроведе акција за чистење на делот околу вливот во акумулацијата Стрежево. Од таму апелираат до граѓаните за совесно и правилно да манипулираат со својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии, да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас, изјави Методија Граматковски, директор на претпријатието.
- Несомнено состојбата налагаше изминатиот период да немаме масовни акции за чистење, туку тоа да го вршат теренските екипи во претпријатието кои се директно надлежни и задолжени за заштита на водите. Со овие акции очекуваме значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и подигнување на еколошката свест на граѓаните.
Очекуваме преку оваа акција да ја разбудиме свеста на граѓаните и месните жители, да не го оставаат ѓубрето крај самата акумулација и да водат повеќе грижа за да биде зачуван овој бисер од непроценлива важност за сите нас, вели Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“.