2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЈП „Стрежево“ ја намали цената на пастрмката што  ја одгледува во сопствените рибници. Сега оваа риба може да се набави за 240 денари килограм за белата и  260 денари за црвената. 

ЈП „Стрежево“ – Битола согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги, и ценовникот усвоен од Владата на седмата седница од 29. 09. 2020 година нема да ја зголеми цената на водата за 2021 година, наменета за водоснабдување на населението.

„Со постоечката цена од 5,15 денари за метар кубен сметаме дека можеме да ја подобриме ефикасноста на водните услуги, преку обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги со најмалку трошоци. Анализирајќи ги сите аспекти, времето во кое живееме во 2020 година а можеби и ќе живееме и во 2021 година со пандемија од вирусот ковид -19 и влијанието на пандемијата врз економијата но и врз животот на граѓани се одлучивме цената на водата во 2021 да остане непроменета“, соопшти директорот Менде Граматковски.


Економските текови, нагласува тој, се сензитивни, па ги зедовме во предвид сите аспекти и согласно методологијата по која се формираат цените на водните услуги сметам дека правилно постапивме да останат истите цени за водоснабдување со кои ќе ги заштитиме интересите на крајните потрошувачи односно граѓаните.


„Ние како институција во идниот период со домаќинско работење и рационално трошење на ресурсите ќе ги зголемиме приходите од останатите дејности а ќе ги намалиме непродуктивните трошоци.
И со оваа цена на водата Стрежево и понатаму ќе остане успешно претпријатие и ќе инвестира во нова опрема и современа технологија, како и во нови инвестиции кои ќе носат дополнителни приходи“, вели Граматковски.стрезево

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани