АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во општина Могила во вториот изборен круг силите ќе ги одмерат Јасмина Гулевска од коалицијата на СДСМ која претходно освои 1313 гласови или 35,31 проценти и Стевче Пивковски, независен кандидат позади кој застана и ВМРО-ДПМНЕ со освоени 1415 гласови или 38,06 приценти во првиот круг. Разликата меѓу Пивковски и Гулевска е мала и со состои од 102 гласови.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и колиционите партнери денес не дојдоа да си ги подигнат уверенијата на свеченоста што беше организирана во Советот на општина Битола. На свеченоста присуствуваа сите останати советници, а од опозицијата велат не дошле зашто не било пракса да се организираат свечености, туку уверенијата да се доделуваат на конститутивната седница.
-До сега не се организирале свечености, туку на конститутивната седница се подигале уверенијата и се давале заклетвите. Така и ние ќе се појавиме на конститутивната седница. СДСМ да престане со популизмот, изборите завршија, време е да се зафатат со работа, ја имаат апсолутната власт ќе имаат и апсолутна одговорност- вели Борче Димитровски, носителот на кандидатската листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери.
Новата градоначалничка Наташа Петровска запрашана дали очекува во иднина конструктивност од опозицијата со оглед дека не се појавија на доделувањето на уверенијата, изјави дека не би сакала да коментира какво би било нивното однесување во иднина.
-Која е причината зошто денес не се присутни најдобро си знаат. Сакам да бидам убедена дека сите избрани советници ќе се залагаат за интересите на граѓаните на Битола - рече Петровска.
Од Општинската изборна комисија изјавија дека роковите за поднесување на приговори за локалните избори поминаа, за Битола немаше приговори, па констатирале дека објавените резултати се конечни.
-По тој повод беше организирана и денешната свеченост кога се доделуваа и уверенијата за градоначалник и за советниците. И минатиот состав на Советот имаше свечено доделување на уверенијата и тоа токму во истата сала- рече Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија.
Во новиот Совет за првпат по три мандати мнозинството ќе биде на СДСМ. Тие со коалиционите партнери освоија 17 советници, ВМРО ДПМНЕ 11, Поинаку 2 и ДУИ 1.
Камерта на ТВ Орбис која вчера беше поставена во прес центарт на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, за линковски, во живо, да ги пренесува прес-конференциите на оваа партија, цела ноќ остана заклучена во партискиот штаб.
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, Зоран Илиоски, вети дека доколку го добие мандатот од граѓаните ќе им ги отпише долговите од комуналната сфера на социјално загрозените категории битолчани.