2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Афоризми

Најтешко се плови во море од долгови.

За грешките наши – поколенијата ќе платат.

На човекот му е наследно – да измајмунисува.

Хумореска

ВОЕНИ РЕЗЕРВИ

Тој не чуваше кокошки, но ние сепак го викавме Киро Кокошкарот. Навечер прв се прибираше дома. Си легнуваше со кокошките, а наутро се разбудуваше уште со првите петли. Кога ние ќе станевме, тој веќе беше излезен во дворот. Или ќе чепкаше околу зеленчукот што го имаше посадено, или ќе ги полеваше цвеќињата со вода.

Таквото однесување почна дури и да. ми пре чіг. Не. знам колку пати досега жена ми ми има речено:

– Огледај се малку на комшијата. Земи малку пример. Слези и ти еднаш во дворот. Искуби малку од тревана, фати се за некоја работа, а не само за весникот. Ако не читаш, гледаш телевизија. Ако не гледаш телевизија, читаш. Лежиш по цел ден, не можам од тебе на раат ни куќата да си ја исчистам.

Врвеа така деновите, но како се менуваше времето а со времето се менуваше и расположението. Едно утро, не знам дали него нешто му стана или му падна некоја мака, или пак на жена му и влезе или не и влезе во умот некоја лоша мисла, важно уште рано рано сите не изразбудија со кавгата. Но што е право, иако за кавга се потребни двајца, викаше само таа. Тој беше долу во дворот, а таа горе на балконот. Тој молчеше, црвенееше, а само таа викаше како предвреме да зрееше.

– Сите весници пишуваат, телевизијата кажува, му кажуваше таа викајќи, народот зборува, а кога народот зборува тогаш или е или ќе биде вистина дека војната почнува. Сите гледаат што се случува, само ти од носот подалеку не гледаш. Како да те има фатено кокошкино слепило. Не гледаш ни по колку вреќи брашно веќе имаат купено другите. Масло по три пакети. Конзерви вакви, такви, секакви. Сапуни, дезодоранси, сокови и кисели води, свеќи или газиени ламби. Визбине им станаа како мини-маркети, цели магацини, а ти немаш купено ни едно кило макарони или шпагети, сол, шеќер или барем неколку пакетчиња вегета. Нула се твоите резерви.

– Чекај, бре жено, се обиде да каже и Киро, кога имаат тие, ако фати војна, ќе имаме и ние. Ќе земам од нив, но прво ќе земам пушка.

– Море ни пушка не бидува од кокошкар, свика уште еднаш жена му, туку пушти го од раце тоа цревото што .го држиш хѕеѓу нозе. Овој месец и цел чек нема да ми стигне само за водата да си ја платиме. Додека ти се сторат тие домати, еден цел базен и тоа олимписки вода ќе потрошиме. Оди купи барем некоја бисквита или некое пакетче смоки, оти како што вели народот, кога мечката игра кај комшијата, немој да се радуваш туку почни и тии чарето да си го бараш.

 

 

Панде Петровски фото 1

Панде Петровски: Ликовен уметник и педагог, карикатурист и хуморист. Роден е 1939 година под Пелистер, во село Брусник, Битолско. Во 1963 година завршува Педагошка академија (ликовна насока) - Скопје, со студиски престој во Италија. Сликарство учеше од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметницина Битола), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработува со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам. Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на Општина Битола 1987 година и Специјална награда на 37. Светска галерија на „Остен“ 2009 година.

 

По избор на Александар Литовски

Афоризми

Ми велат дојди утре, а не ми кажуваат кое утре.

Графитите по зидовите се слики за нашите неприлики.

Си правеше кариера, со рушење бариера по бариера.

 

 

Хумореска

ПЕЦО

Го среќавав многу пати по улиците и затоа не можам да речам дека не го познавам. Обичен човек, наш сограѓанин, од истата маала, но сепак по малку, а понекогаш и по многу од другите поразличен, дури и необичен. Никој не му беше сличен. Не му го знаев точно ни името, а да не зборуваме и за презимето. Децата го викаа Песо, а возрасните, мислејќи дека тие грешат, го завикаа Пецо. Тоа мене не ми пречеше, како сака човекон нека си се вика, не ми беше тоа важно, но сепак во еден момент тоа ми стана поважно и од најважно.

Се враќав доцна дома, во малите саати што се вели. По цела улица како што се знае одамна нема ни една здрава светилка. Жива темница. Само некоја слаба светлина, колку да ги прави уште погрди сенките, допира од некое прозорче на становите во кои очигледно живеат пензионери на кои кој знае од кога им е скршен сонот, а утредента не мора ни да стануваат рано за на работа. Глетката по улицата како измислена но и создадена за снимање хорор филм. Сто најпознати сценографи и осветлители вака не можат да ја подготват. Одам така сам, кога од левата страна ми се втурна еден пес. Од другата гледам, уште не знам колку усти озабени. Не знам повеќе ни да бројам, ни да собирам или вадам, а камоли да множам. Се размножиле кучињата, крај им нема. Ми замрзна крвта, се здрвив, не се вцрвив, оти обледнав, платно се сторив. Не стигнав ни да се преслушам на кој толку сум му згрешил, па Господ што ме казни вака да завршам. И токму еден пес од суријата кога ме зграпчи за левата нога, само што не се онесвестив оти знаев дека сега и сите други ќе ми се нафрлат, да ме зграпчат и да ме раскинат, кога за среќа, како од небо да падна, еве го Пецо, да гледаш, а да не веруваш. Не знам дали нешто им викна, оти јас бев веќе во кома, дали само што тие го видоа се собраа околу него, јас не им бев повеќе интересен; ме оставија како да не сум ни коска ни месо, се вртат околу него, мрдаат весело со опашките, гледам и се чудам, како да не е таа истата глутннца. Сто режисери ова да го режираа, вака немаше да испадне.

Сакав човекот спасител да го прегрнам од благодарност.

–Фала ти Пецо, му велам, а тој тивко ми возвраќа:

–Јас не сум Пецо, јас сум сиромавиот Трпе, а со другариве, верните пријатели – кучињата, се запознавме пребарувајќи ги контејнерите.

 

Панде Петровски фото 1

Панде Петровски: Ликовен уметник и педагог, карикатурист и хуморист. Роден е 1939 година под Пелистер, во село Брусник, Битолско. Во 1963 година завршува Педагошка академија (ликовна насока) - Скопје, со студиски престој во Италија. Сликарство учеше од: Павле Павловски, Мамер Сулејманов, Иван Мелников, Менде Ивановски, Пепи Пашанко, Тоде Ивановски, Борислав Траиковски и Вангел Коџоман. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметницина Битола), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработува со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам. Добитник е на наградите: „4 Ноември“ на Општина Битола 1987 година и Специјална награда на 37. Светска галерија на „Остен“ 2009 година.

 

 

По избор на Александар Литовски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани