2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Полицајци пукале во воздух откако група ресенчени тргнале да ги нападнат

Април 29, 2018

Татко и син од Ресен се приведени синоќа откако нападнале неколку полициски службеници кои вршеле увид во сообраќајка во која учествувал синот.

Настанот се случил синоќа околу 23,50 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Ресен, додека полициските службеници од Полициската станица Ресен вршеле увид на претходно случена сообраќајна незгода, во која учесници биле Т.А. од с.Болно и Б.М.(18) од Ресен.

– На местото на настанот дошол З.М.(41) татко на Б.М. и прво вербално, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници. Потоа, и неговиот син Б.М. ги нападнал полициските службеници. Во еден момент полициските службеници забележале дека кон нив доаѓала група на граѓани кои сакале да ги нападнат, по што од страна на полициски службеник од службениот пиштол било пукано во воздух и групата се вратила назад, информираат од МВР.

Б.М. и З.М. биле приведени во Полициска станица Ресен. Известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани