АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вклучена е струјата во десетте битолски училишта кои ЕВН ги исклучи пред еден месец поради неплатени сметки во вкупен износ од 8 милиони денари, со што се создадоа услови за непречен старт на новата учебна година. Општина Битола подмири поголем дел од долгот на 8 основни и 2 средни школи, кои од 2012 година имаат блокирани сметки и не можат редовно да ги плаќаат обврските. Остатокот е договорено да се плаќа на рати. Доверителите покажале добра воља на кратко да ги повлечат извршните решенија за да се деблокираат сметките.
Облечени по фустани, високи потпетици, шапки, венчиња од цветови, па дури и вратоврски, битолчани дотерани возеа точаци. Тие беа дел од настанот 51-ва критична маса „Дотерани на точак“ чиј повик беше „Да возиме како прави дами и господа“. На велотурата се придружија неколку стотици битолчани, а велосипедската дружба започна од плоштадот Магнолија, се одвиваше низ градските улици и заврши во Бар чаршија.
-Ајде, со среќа да ни е денешната спогодба и соработка, рече генералниот директор на РЕК-Битола, Васко Ковачевски на денешното потпишување на меморандуми за соработка со градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила, Наташа Петровска, Љубе Кузмановски и Јасмина Гулевска.
Според првиот човек на РЕК-Битола , комбинатот сака да им помогне на соседните општини во делот на економијата, социјалата и пред се во екологијата.
Владата работи посветено да го зголеми производството во ЕЛЕМ и РЕК Битола, а јас со мојот кабинет и раководството ќе обезбедиме одржлива и предвидлива иднина на овој комбинат, рече денеска вицепремиерот за економски прашања во Владата на РМ, Кочо Анѓушев, на централната прослава во РЕК Битола по повод Денот на рударите. Но, исто така работиме и на тоа да обезбедиме поеколошко производство на струја од РЕК Битола, бидејќи нема алтернатива за животот и здравјето на граѓаните од Битола и целиот Пелагониски регион, додаде Анѓушев
Багерите за ископ на јаглен поради нивната големина биле нарекувани џинови, а багерот ЕШ вработените го викале народски „ежот“ поради сличноста на зборовите. Местото за одлагање на откривката било опишувано како висорамнина, а зелениот појас што се засадувал во близина на браната на РЕК, Титова шума. За ваквите невообичаени имиња кои им се давале на опремата и промените кои настанувале во околината кога се градел РЕК зборуваат текстовите што во „Битолски весник“ кон крајот на седумдесетите години го објавувале новинарите.
Фотографии од традиционални музички инструменти кои претставуваат културно и музичко обележје на 24 земји во светот вчера беа изложени во Магазата во Битола. Изложбата под мотото „Сподели култтура (Share Culture)“ беше во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија, во соработка со CIOFF Youth (Младинската секција на светската организација за фолклорни фестивали и фолклорна уметност). На оваа изложба беа изложени десетици фотографии од иструменти како дел од заложбата на CIOFF за зачувување на светското културно наследство, каде се јавува и како единствена организација, партнер на УНЕСКО од таа област.
Расправата за извршувањето на кварталниот извештај на буџетот на Општина Битола на денешната седница на Совет падна во сенка, откако независниот советник Иван Чулакоски се обиде да ги изедначи во политичката одговорност и работа бившата и сегашната власт, па почна по име и презиме да ги обвинува дел од советниците од власта и опозицијата за ветеното, а не реализирано.
Обиколницата е затворена затоа што ќе се реконструира, а не поради свлечиште, информираат денеска за Апла.мк од фирмата изведувач на градежните работи „Илинден“ од Струга. Велат информацијата објавена на веб страницата на АМСМ не е точна затоа што ylb прават последните подготовки за рехабилитација на оваа делница на потегот од бензиската пумпа Лукоил во насока кон Прилеп, па се до клучката кај селото Крклино
Обиколницата над Битола од вечерва е повтрно затворена за сообраќај поради ново свлечиште што се појави на овој дел од патниот правец Прилеп-Битола-Охрид.
Oд вкупните расходи 48 проценти, од буџетот одат во капитални инвестиции рече градоначалничката Наташа Петровска на седницата на Совет каде требаше да се расправа за кварталниот извештај од реализацијата на буџетот на Општина Битола. Опозијата , пак, ја обвини дека предложила буџет во износ од 28,6 милиони евра, со што влегува во историјата на Битола со најголем буџет досега,