АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 15 јули, денот кога е роден народниот херој Панде Јовчевски Кајзеро, осквернавена е неговата биста во дворот на месната заедница на улицата „15 Корпус“ во Битола. Непознати сторители ноќта во саботата спроти неделата ја обезглавија бистата која најпрво била удирана, па откорната од мермерниот постамент кој е оштетен, а оштетувања има на главата и рамената.
Секторот за внатрешни работи Тетово и Секторот за внатрешни работи Битола поднесоа кривични пријави против три лица за случајот со оставеното бебе пред влезот од Домот за доенчиња во Битола на втори јули годинава. Пријавите се поднесени против малолетната мајка на бебето, нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко.
Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело „напуштање немоќно дете“ поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против 17-годишната мајка од Желино.
Форд фокус рано изутринава бил опожарен во строгиот центар на градот на паркингот кај комплексот згради „Стара болница“.Станува збор за семејното возило на партиски функционер на СДСМ во Битола, поранешен советник во Советот на Општина Битола.
Спасувачите од Дирекцијата за заштита и спасување синоќа по полноќ кај Мало Езеро го пронајдоа залутаниот француски турист. Се работи за 23 годишно момче кое вчера попладне само се искачувало на Пелистер.
Француски турист се загуби на Пелистер, а по него до доцна во ноќта трагаа спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување, дознава Апла.мк.
За прославите што во 15 градови ширум земјава ја организираше Владата на РМ под мотото „Македонија во НАТО и ЕУ-одиме напред“, премиерот Зоран Заев се појави единствено во Битола да ја испрати пораката за обединување околу остварувањето на стратешките цели на РМ.
Денес со почеток од 21 часот на Широк Сокак пред Центарот за култура и во Битола ќе се одржи прослава по повод поканата на НАТО за членство на Македонија во алијансата. Битолската градоначалничката Наташа Петровска навајвувајќи го престојниот настан насловен симболично „Одиме напред“ рече дека ова е историски момент за Македонија зашто таа во иднина ќе може рамо до рамо со моќните држави да решава за значајни прашања.
Прочистителната станица што во следните две години ќе се гради во Битола ќе го реши горливиот еколошки проблем со загаденоста на водотеците во Битолско. Директорот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ Методи Силјановски, најави дека есенва ќе биде распишан меѓународен тендер за избор на фирма која ќе ја гради станицата, ќе го догради колекторскиот систем и ќе го врши наздорот.
„Пречостителната станица ќе ги опфајќа отпадните води од Битола, селата Кравари, Долно Оризари, подлеплистерските села. Петтиот канал со пречистителната станица ќе биде 95 проценти чист, се решава и Драгорот и загадувањето на Црна Река од страната на Битола, па потоа и големиот проблем како што е загадувањето на Тиквешкото езеро“, рече Силјановски.
Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со санација на ударните дупки низ улиците во општина Битола, односно локалните патишта кои се под општинскa надлежност.
„Поради временските неприлики и дотур на асфалт од базите одреден период не се извршуваа овие активности. Согласно програмата на Општина Битола за одржување на улици и патишта во следниот период интензивно според списокот што ни го достави Општината со имиња на улици за санација на ударни дупки, активностите ќе течат континуирано“, рече директорот Методи Силјановски.