2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Директно

Денеска ( 13.12.2023) во 03.50 часот во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво" казниво по член 237 ст.1 од КЗ. Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Малолетникот во присуство на родител е приведен во полициска станица Битола, при што во целост го признал кривичното дело, а украденото е вратено на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

соседот точно пред скалите. Одите понатаму, раскопана улица без никакви предупредувања. И ни малку адекватно ограничена и заштитена. Не дај Боже да паднете, а сте сами, прво ќе речат: ’Кај одиш ко си сама, знајш дека не гледаш’. За да излезем од дома треба да имаме бело стапче. Ај што нема каде да го купиме нема ни обука кој да ни направи како да го користиме“, рече Софрониевска.

Се осврна на задолжителното образование каде нема брајови машини и електронска тетратка. Парадокс е што сме единствена земја на Балканот без библиотека за слепи, книги на Брајово писмо и во аудио формат, а нема ни кој да се грижи за информатичка едукација на слепите лица.

„Денес знаете што е пракса – јас која не знам дали во просторијава гори светло и некој што вози електричен велосипед и пазарува самостојно, чита стандардно писмо, гледа цени во супер маркет, пред законот сме исти и тие и јас земаме додаток за попреченост“, рече Софрониевска.

Ивана Атанасовска, пациентка со цистичка фиброза која била спречена да стане актерка поради болеста, рече дека во општеството чекаме да се случи нешто лошо, да се изгуби нечиј живот, за да преземе нешто.

„Живееме како во дистопија на Орвел каде сите се еднакви, ама некои се поеднакви. Живееме во општество со тежок товар на предрасуди кои туркаат во дискриминација и стигматизација, каде е пострашно да кажеш дека си болен и по цена на животот“, рече таа.

Режисерот Ристовски се надева дека и со оваа претстава ќе покрене промени како и со претходната „Улаф сте“ на знаковен јазик, кога се забрзаа законските измени за стандардизација на македонскиот знаковен јазик.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани