АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нема врата или гаража во централното градско подрачје во Битола каде не стои предупредување од сопствениците дека „дупам гуми“ , „ тушам гуми “ или „вадам бандажи“ кога несовесни возачи им ги паркираат автомобилите пред врата, под прозорец или пред излезот од гаражите на нивните куќи. Факт е дека на жителите од центарот на градот им е преку глава од
ваквите несовесни навики на возачите, но исто така е факт дека на Битола и недостигаат паркинг места особено во централното градско подрачје, Широк сокак, Старата битолска чаршија и околу Градскиот пазар.
Но, колку што се проблем паркинзите, толку се проблем и размислувањата и навиките на возачите да најдат уличка или чикмак за да го паркираат автомобилот додека се во центарот на градот, а да не платат паркинг простор.