АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во строгиот центар на Битола, позади зградата на Библиотеката и во целиот комплекс Стара болница, секој викенд е истата слика. Нема зелена површина, ќоше, скали, каде не е расфрлано со празни шишиња од алкохолни пијалоци и остатоци од храна.
До раните утрински часови се слуша врева, а нецивилизираното однесување на младите луѓе е надополнето со купиштата ѓубре расфрлано насекаде- празни шишиња од вино и пиво, срчи, конзерви, по некое празно пакување од сок, смоки и чипси, кеси со остатоци од сендвичи...
За тоаелет им служи секое ќоше од зградите во Стара болница, од каде се шири непријатна миризба.