АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вандали ги откорнале металните билборди во Градското шеталиште во Битола, под Спортската сала, каде стојат насоки од Агенцијата за спорт и млади како да се користат поставените спортски справи и реквизити. Еден од билбордите е сосема откорнат и отуѓен, додека другиот е соборен на земја и оставен.
Граѓаните кои утрово биле на прошетка во градскиот парк беа згрозени од ваквата глетка и бараат од полицијата да ги открие вандали кои во неколку наврати само оваа година дивееја низ Градското шеталиште.