АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со камиoнчиња, во било кое време од денот кога фрекфенцијата на пазарџии е најголема се врши дотурот на стока по дуќаните и кафеаните во Старата битолска чаршија.
Револтирано, граѓани велат дека ситуацијата е иста секој ден и ретко кој го почитува правилото дотурот на стока да се врши на колички и тоа наутро и навечер (од 6 до 9 часот и од 17 до 20 часот) кога фрекфенцијата на пазарџиите е минимална.
Ваквиoт начин на работа што го практикуваат дел од дуќанџиите и нивните добавувачи е недоволно контролиран од полицијата, велат граѓаните и сопственици на дуќани во Старата битолска чаршија и бараат почести контроли од надлежните. Синџирите на неколкуте пристапи во Старата чаршија се тргнати, па некои несовесни граѓани почнаа да ги паркираат автомобилите во внатрешноста на чаршијата. Од страната на Ат Пазар за влез во Чаршијата јасно стојат сообраќајни знаци кој дел е пешачка зона , како и тоа дека е забрането движење на моторцикли, автомобили и запрежни коли.