Webp.net gifmaker

Градоначалникот Кузманоски на средби со граѓаните за подобрување на комуналната инфраструктура

Март 04, 2020

Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски  започна со посета на населените места во општината каде остварува средби со претседателите на месните заедници и локалното население.На средбите покрај градоначалникот присуствуваат советници и локални функционери.

-Овој вид на комуникација со граѓаните е многу важен, бидејќи како градоначалникот изворно ги добивам информациите за потребите на граѓаните во населените места и проблемите со кои се соочуваат. На работните средби со граѓаните, советници и локалните функционери, заеднички наоѓаме решенија за надминување на постојните проблеми и даваме предлози за подобрување на условите за живеење, воедно граѓаните се информираат  за тековните и планирани градежни активности кои ќе допринесат за надминување на посочените проблеми, вели Кузманоски.

Изминатите денови средби се одржаа со жителите  од с.Зовиќ, с.Градешница, с.Старавина, с.Будимирци, с.Живојно, с.Бач, с.Далбеговци, с.Горно Агларци, с.Долно Агларци, каде граѓаните најповеќе разговараат околу проблемите со комуналната инфраструктура.

лубњ 1

лубњ 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани