2win800x200

На 31 март Владимир Талески ќе ја слушне пресудата за „Транспортер“

Март 12, 2020

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, на 31 март ќе ја слушне првостепената пресуда за случајот „Транспортер“, предмет кој го отвори поранешното СЈО.

Судијката Добрила Кацарска за овој термин ја закажа пресудата за случајот кој изминатиот период беше во завршна фаза со дадени завршни зборови.

Во „Транспортер“, покрај Талески, обвинети се и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра, пренесува, фактор.мк.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани