Се затвора добиточниот пазар во Битола

Март 16, 2020

Привремено се  затвора добиточниот пазар во Битола со кој стопанисува ЈП Пазари-Битола. 

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение во кое стои дека поради состојбата со корона вирусот се забранува работењето на сточните пазари и собирните центри.

Во решението на Агенцијата стои дека сите животни кои ќе се најдат во промет без сертификат за здравствена состојба на животните или не се идентификувани ќе бидат одземени убиени и нештетно отстранети без надомест за настанатата штета , односно на трошок на одгледувачот , стои меѓу другото во решението од АХВ. 

-Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука и решение за забрана на работа на добиточни пазари.

Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.

Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата, информираат од ЈП Пазари.

 владе 11

владе 12

владе 13

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани