АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стадо овци секојдневно е пуштено да пасе низ населбата Златен Рид во поранешната касарна. Елитната населба на моменти заличува на село кога ќе нагрнат овци и кога ќе почнат да ги брстат зелените насадени дрвца покрај новите згради и новите асфалтирани улици. Жителите од околните згради се плашат за безбедноста на нивните деца бидејќи овците ги чуваат големи кучиња , кои лаат по минувачите и автомобилите.
Жителите од населбата бараат општинските комунални инспектори да излезат на терен и да преземат мерки против лицата што ги прекршуваат одлуките.
Имено, донесена е одлука за комунален ред во Општина Битола, па на подрачјето на градот во границите на градежниот опфат се забранува чување на секаков вид ситна и крупна стока, перјеста живина и пчелни семејства. Забрането е задржување, напасување и хранење на стока и живина на јавните површини.