2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се трасираат улиците на „Златен рид“

Септември 01, 2018

Се трасираат и се подготвуваат за асфалтирање улиците во новата населба Златен рид.Интензивно се работи на градежните активности околу пробивањето и трасирањето на улицата „Тодор Скаловски“ , зад зградата „Аурум“.

 

Изградбата на внатрешните улици во поранешната касарна започна на почетокот на јули. Од кредитот за изградба на улици што го подигна бившата локална власт во висина од 2 и пол милиони евра, останале средства, па новата локална самоуправа започна да  прави нови улици во новата населба.

Градежни активности во АРМ 1 и АРМ 2, треба да ги поврзат станбените и индивидуалните објекти со градската улична инфраструктура. Интензивните градежни активности и изградбата на овие улици ќе го решат проблемот на жителите во изградените објекти во поранешнта битолска касарна, кои иако платиле комуналии, досега ја немаа потребната инфраструктура.

Вкупната  должина на улиците е 1700 метри , а на таа должина ќе биде поставено и улично осветлување.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани