Во четврток прекин во водоснабдувањето на Широк Сокак, Водовод ќе постави цистерна со вода за пиење

Јуни 07, 2021
Поради промена на стара водоводна мрежа (промена на шибер-затворачи) на ден 10.06.2021година (четврток) од 8:00 до 19:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улица Широк Сокак на потегот од "Камен мост" до Фонтаната кај шеталиштето во близина на кафе барот "Јагода". 
Поради долгиот прекин во водоснабдувањето цистерната на ЈКП "Водовод" Битола со питка вода за пиење ќе биде поставена пред "Офицерскиот дом" доколку граѓаните имаат потреба од свежа вода за пиење.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани