2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Несовесни граѓани, и кога нема контејнер го фрлаат ѓубрето во дворот на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“

Април 27, 2018

 Несовесни граѓани и кога нема контејнер „ по навика“ ѓубрето си го фрлаат во дворот на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Таа глетка денеска ги револтира учениците, родителите и наставниците во школото, па регираа на фејсбук и постираа фотографии од (не) делата на битолчани.

 

-Пред неколку дена учениците од ОУ„Ѓорѓи Сугарев“ го одбележаа Денот на планетата Земја и пратија порака до сите дека треба да имаме развиена еколошка свест. Денес децата беа згрозени од постапките на возрасните, кои живеат во непосредна близина на школото, или минуваат со ѓубрето в рака кога одат на работа. Контејнерот беше преместен на друго место, за да не им пречи и мириса на децата и родителите кога влегуваат и излегуваат од училиштето.

-Не видовте дека нема контејнер? – Следниот пат ќе ве фотографираме и ќе се видите на фејсбук!, пишува Наташа Тодоровска, наставничка во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани