АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите од комплексот згради Стара Болница револтирано реагираат што објектот каде порано беше сместен колонијал под една од висококатниците, сега е руина. Велат, овој деловен објект кој е во државна сопственост и се наоѓа во строгиот центар на градот, е претворен во руина, а никој не им застанува на патот на вандалите, па продолжува неговото уништување.
Станарите велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор да интервенира, затоа што објектот е испустен, но, и околината на зградата во центарот на Битола е во ѓубриште и стакло.
Епицентарот на ноќната забава во Битола овој петок (11.08.2023) ќе биде во новиот бар/ центар за настани „Stage bar’’ што ќе се отвори во Старата битолска чаршија на улица „Браќа Мингови“ број 7, одноно кај старото Калдрма, Артикултура, наспроти Аврата. Журката започнува од 21 часот со DJ LJubisha и DJ Kox .
Младите битолчани кои го отвораат барот имаат за цел старата чаршија да ја вратат на мапата за забавни случувања во Битола. Нивна идеја е „Stage bar“ да работи само со забави во петок и сабота, воглавно си натапи на диџеи со понуда на електронска музика/hiphop и rnb или некој полесен рок и фанк. Во деновите кога барот не работи, односно нема забава, ќе може и да се користи за родендени, настани и секаков вид на прослави. Локалот е опремен клубски, со високи маси.
Овој петок не ја пропуштајте журката во новиот бар и отскокнете од просечната понуда на петочна забава во Битола.