2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Жителите од комплексот згради Стара Болница револтирано реагираат што објектот каде порано беше сместен колонијал под една од висококатниците, сега е руина. Велат, овој деловен објект кој е во државна сопственост и се наоѓа во строгиот центар на градот, е претворен во руина, а  никој не им застанува на патот на вандалите, па продолжува неговото уништување.

Станарите велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор да интервенира, затоа што објектот е испустен, но, и околината на зградата во центарот на Битола е во ѓубриште и стакло.

Во строгиот центар на Битола, позади зградата на  Библиотеката и во целиот комплекс Стара болница, секој викенд е истата слика. Нема зелена површина, ќоше, скали, каде не е расфрлано со празни шишиња од алкохолни пијалоци и остатоци од храна.

Талентираните момчиња од Hybrid Minds Crew ноќеска го исцртаа со волшебна композиција  трансформаторот во комплексот Стара болница.

received 1090107524472957

Силните бои и форми не само што го украсија ѕидот туку внесоа ведрина во целиот комплекс кој од неодамна доби и детски парк со партерно уредување.

Ваквите цртежи како форма на неформално изразување и комуникација помеѓу луѓето  се позитивно прифатени од битолчани . Авторите често сакаат да го изразат  своето мислење, протест или воопшто да воспостават контакт со својата околина. Ваквата промоција на уметноста како декорација секако има забележителен ефект.

Осум контејнери  или 17 кубици  ѓубре биле исфрлени деновиве од околината на станбените комплекси Пелагонка2 и Стара Болница во акција што ја организирале станарите. Но, радоста кратко им траеше затоа што ноќва вандали дивееле во населбата до рано утрово. Искршени шишиња од алкохолни пијалоци, конзерви, срчи, ѓубре од храна се расфрлани насекаде во комплексот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани